Том Брејди заминува во пензија по 22 сезони во НФЛ лигата!

Седумкратниот НФЛ шампион, Том Брејди, одлучи да замине во пензија по 22 фантастични сезони.

44-годишниот квотербек изминатите две сезони ги одигра во Тампа Беј Баканирс и освои еден Супербоул. Претходно беше дел од Њу Ингланд Петриотс, каде ги постигна најголемите успеси, заедно со тренерот Бил Беличик.

Брејди ја напушта НФЛ лигата како можеби најголемиот квотербек на сите времиња. Неговите седум шампионски прстени се повеќе од учинокот на било која друга франшиза во лигата.

Членот на Тампа Беј беше елиминиран од овогодишниот плеј-оф од екипата на Лос Анџелес Рамс. Тој ја заврши сезоната како лидер по бројот на фрлени јарди и постигнати тачдаунови, што го прави финалист во борбата за МВП наградата.

Најуспешниот играч во историјата на НФЛ освои пет МВП награди на Супербоул натпреварите, а трипати беше прогласен за најкорисен во регуларниот дел од сезоната.