• Мартин Танасковски

Квортербекот на Њу Ингланд Патриотс, Том Брејди, ужива по триумфот на својот тим во 53. Супербоул финале и шестиот трофеј на Патриотс во историјата, затоа што официјално стана „бесмртен“.
Искусниот 41-годишен спортист со освоениот трофеј во финалето, дојде до шестиот прстен во својата професионална кариера и стана човек со најмногу прстени во американскиот фудбал. На листата тој успеа да го мине Чарлс Харли, кој зад своето име имаше пет прстени.
Успехот на Брејди се смета за далеку поголем, затоа што сите шест прстени му се со Њу Ингланд Патриотс, во текот на неговата 18-годишна НФЛ-кариера. Многумина сметаат дека квортербекот е еден од најголемите спортисти во историјата на САД.
Воедно, Брејди е најстариот квортербек кој успеал да освои трофеј на Супербоул, а исто така, до ова достигнување дојде и тренерот на Њу Ингланд Патриотс, Бил Беличик.