Том Брејди сруши апсолутен рекорд против „својот“ Њу Ингланд

Брејди

Бранителот на титулата Тампа Беј Баканирс победи на гостувањето кај Њу Ингланд Петриотс.

Мечот донесе емотивен кам-бек на Том Брејд, кој славеше против својата поранешна екипа. Притоа успеа и да сруши апсолутен рекорд во сопственост на Дру Брис. 44-годишникот сега е на врвот на листата квотербекови со најмногу фрлени јарди во историјата. Моментално тој стои на 80,560 фрлени јарди во својата богата кариера.

Минатата година Брејди си замина од Њу Ингланд, Со тимот освои шест Супербоул прстени, последен пат во 2019 година.