• Сашо Поповски

Медиумите пишуваа дека наводно Том Брејди, еден од најдобрите квотербекови во историјата на НФЛ лигата, добил ултиматум од својата сопруга, Жизел Бундшен.
Убавата Бразилка од него побарала да ја прекине кариерата, за да не започне процесот на развод. Играчот на Тампа Беј Баканирс тоа го одбил, па на социјалните мрежи ја потврди разделбата.
Tom Brady announces that he and Gisele Bündchen have finalized their divorce pic.twitter.com/lZktvTjHCD
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 28, 2022
Брејди има седум шампионски прстени во кариерата. Сега на 45 години се врати на терените, откако краток период имаше најавено дека заминува во пензија. Со сопругата има две деца, а беше во брак со неа од 2009 година.