Том Брејди пронајде нов клуб за астрономска плата

Брејди

Вчерашниот ден беше тажен за сите фанови на екипата на Њу Енгланд Петриотс, бидејќи легендата Том Брејди одлучи да ја продолжи кариерата на друго место.

Ден подоцна, веќе е познато името на тимот каде што шесткратниот НФЛ шампион ќе игра од наредната сезона. Се работи за Тампа Беј Баканирс каде 42-годишникот ќе испишува нова историјата во богатата кариера.

Негова прва задача ќе биде да го внесе клубот во плеј-офот, кој е сон за навивачите во последните 12 години. Платата која што ќе ја добива изнесува 30 милиони долари по сезона.

Во минатото Брејди најавуваше дека сака да игра до 45 години. Останува да видиме колку оваа желба ќе му биде овозможена од здравјето.