Том Брејди официјално ја потврди пензијата од НФЛ лигата

Tom

Најголемиот НФЛ играч на сите времиња, Том Брејди, заминува во пензија. Тоа го потврди неколку дена откако излезе информација во американските медиуми поврзана со неговата иднина.

Квотербекот си заминува по 22 сезони во лигата, во кои освои седум шампионски прстени. Тие и уште многу други одличја му носат вечна слава во очите на фановите.

Шест титули собра додека беше дел од Њу Ингланд Петриотс. Потоа одлучи да замине во Тампа Беј Баканирс, каде остана две сезони и славеше на Супербоулот пред една година.

Семејните обврски беа клучен фактор за оваа одлука на Брејди, кој на емотивен начин им се заблагодари на сите навивачи, соиграчи и тренери кои беа дел од неговата кариера.