Том Брејди испиша историја и стана прв со над 100.000 фрлени јарди!

Том Брејди

Том Брејди го одбележа изминатиот НФЛ викенд. Во победата над актуелниот шампион Лос Анџелес Рамс, легендарниот квотербек испиша историја.

45-годишникот стана прв квотербек кој ја надмина границата од 100.000 фрлени јарди. Тој диригираше во последната акција, која донесе конечна победа за Тампа Беј Баканирс.

Брејди продолжува да поставува рекорди и високо да ја подигнува летвичката, за оние кои следуваат по него.