Том Брејди и бранителот на тронот елиминирани во НФЛ

Бранителот на тронот во НФЛ лигата, Тампа Беј Баканирс беа елиминирани во полуфиналето на Националната конференција, откако загубија од Лос Анџелес Ремс со 30-27. Иако Баканирси губеа со 27-3, успеаја да се вратат до егал, но ја загубија драмата во последните секунди. 

Брејди имаше добра партија, ама не успеа да влијае директно на резултатот и рано остана без шанса да се бори за осма титула во НФЛ. Така, Ремс во конференциското финале ќе се судрат со Франциско 49ерс, во битка за прв „Супер Боул“ во историјата. 

На спротивната страна, во Американската конференција ќе се судрат Канзас Сити Чифси и Синсинати ноќта меѓу сабота и недела, додека вториот дуел е ден подоцна. 

Овогодинешниот „Супер Боул“ спектакл ќе се одржи ноќта меѓу 13 и 14 февруари во Лос Анџелес.