Том Брејди ги напушти „патриотите“, ќе игра уште една НФЛ-сезона

Во период во кој сите спортски вести се поврзани со пандемијата на коронавирусот и кроење на поместените календари, американската јавност изненадено пренесе дека легендарниот НФЛ играч Том Брејди ја заврши својата авантура во дресот на Њу Ингланд Патриотс. Легендарниот квотербек објави ќе игра уште една сезона пред пензија, но ќе го смени тимот. 

Брејди е вистински мит на професионалниот фудбал, човек во кој се препознаваат младите и кој донесе голем раст на популарноста на оваа игра и надвор од Соединетите Американски Држави. Брејди во досегашната кариера играше на девет финалиња на Супербоул, освои шест НФЛ-титули и често беше најдобар поединец во клучните натпревари. 

Скоро 43-годишниот Брејди на своите профили на социјалните мрежи се прости од „патриотите“.

Мајами и Лас Вегас во медиумите провејуваат како најсериозни кандидати за потпис на Брејди.