Том Бреjди дава автограм, но само ако платите најмалку 50.000 денари

Том Бреjди, квортербекот на Њу Ингланд Патриотс е спортско име број еден во светот. Фановите молат за фотографија или автограм од него, но сепак, не е ефтино да се дојде до истиот, затоа што според американските медиуми - тој мора да наплаќа за да даде потпис.

Како што тврди американски „ТМЗ“, поради договор со компанијата „Тристар Спортс Меморабилиа“ тој мора да наплаќа за својот потпис, а најниската цена за автограм на картичка со неговиот лик е 850 долари, или нешто околу 50.000 денари.

Постои можност тој да се потпише на топка или кацига, но автограмите на тие предмети се далеку поскапи.