ТЏ Вајт стана најскап НФЛ-дефанзивец во историјата

Питсбург Стилерс потпиша четиригодишен договор вреден 112 милиони долари со ТЏ Ват. Семејството Ват произведе одлични дефанзивци во НФЛ лигата, како што се Џеј-Веј Ват и ТЏ Ват, кој штотуку стана најплатениот дефанзивец на сите времиња.

Питсбург Стилерс се договори со Ват за четиригодишна соработка вредна 112 милиони долари, од кои 80 милиони се гарантирани пари, а останатите во вид на бонуси. 

„Сакам да бидам дел од Стилерс. Меѓутоа, ова не беше моја одлука, затоа сум среќен што некој го направи тоа. Се обидувам да бидам што е можно подобар секој ден, а некој тоа го забележува", вели ТЏ Ват.

Тој ќе добива 28 милиони долари годишно, а на второто место е Џои Боса од Лос Анџелес Чарџерс со 27 милиони годишно, или 135 милиони за петте сезони што ги потпиша минатата година.