• Иван Димовски

Екипата на Тампа Беј Баканирс направи уште една одлична зделка. Откако овој клуб успеа да го убеди Том Брејди дека сè уште не е време за крај на кариерата и практично го вратија од најавената пензија, сега доведоа големо засилување.
Се работи за вајд ресиверот Хулио Џонс. 33-годишникот мина десет одлични сезони во Атланта Фалконс, со што си обезбеди место во „Куќата на славните“ во Соединетите Американски Држави. Минатата сезона сепак одигра послабо во редовите на Тенеси, а сега се сели на Флорида.
Фановите се одушевени бидејќи многу се очекува од прекалениот тандем Брејди - Џонс.