Суровоста на НФЛ: Му падна топка од рака во клучен момент и доби отказ! (ВИДЕО)

Каролина Пантерси го отпуштија младиот рајсивер и пант ретурнер Џими Хорн Џуниор само три дена по убедливиот пораз од Чикаго Берс со 59-37 во првото коло од НФЛ.

Хорн направи голема грешка во втората четвртина, кога при пантом на Трој Тејлор погрешно реагираше на сигналот за безбедно фаќање. Топката му испадна од раце, па поседот им припадна на Чикаго, кои веднаш постигнаа филд гол за 24-21. Тоа беше почеток на пресвртот, бидејќи Берс реализираа поени на шест од следните седум поседи и на крајот славеа со убедливи 59-37.

Хорн беше 190. пик на драфтот во 2025 година и минатата сезона забележа 11 фаќања за 108 јарди. На негово место Каролина го ангажираше Тајрел Додсон од тренинг ростерот.