Супербоул спектаклот решен во финишот, Лос Анџелес Ремс слави нова титула!

Во 56. Супербоул спектакл, Лос Анџелес Ремс го совлада Синсинати Бенгалс со 23-20 и така по вторпат стигна до најважниот трофеј во Соединетите Американски Држави, пехарот Винс Ломбарди.

Ремси отворија подоборо, особено во нападот. Мет Стафорд едноставно ги шеташе секондерите на Синсинати, а Одел Бекам и Купер Кап освојуваа јарди. На крајот на краиштата, и двајцата постигнаа тачдаун за водство на Ремс од 13-3.

Сепак, Бенгалси имаа подготвен одговор, а тоа беше сосема неочекувано за Ремси и екипата од Охајо намали на 13-10. Во следниот напад се повреди Одел Бекам и тоа значително се почувствува во нападот во Ремс. Сепак, тимот од Лос Анџелес на одмор замина со три поени предност, што беше јасно дека играта е целосно отворена. 

Тоа се виде по само 12 секунди од третата четвртина, кога Хигинс го доби дуелот со Џејлен Ремзи и постигна тачдаун за пресврт од 13-17, а потоа Синсинати стигна и до водство од 13-20. Сепак во клучната четвртина квалитетот на Ремси дојде до израз и на една минута до крајот Купер Кап се погрижи за нов пресврт и предност на својот тим од 23-20. Синсинати имаше неуспешен обид во последниот напад и така престижниот трофеј заврши во рацете на играчите на Лос Анџелес Ремс.

Најинтересните моменти од натпреварот погледнете ги на ОВОЈ линк.