СУПЕРБОУЛ 55: Големиот Том Брејди стои на патот на империјата на Чифси

Легендарниот ас игра за седмиот Ломбардиев трофеј во кариерата, Махомс за вториот. Дали Том Брејди во 10. Супербоул во кариерата, а прв во дресот на Тампа Беј, ќе стигне до седмата круна или Патрик Махомс ќе донесе втор последователен трофеј и ќе почне да создава имерија на Чифси? Одлуката паѓа в понеделник (00:30) во Тампа, на стадионот „Рејмонд Џејмс“.

Баканирси имаат таква привилегија да бидат прв тим кој ќе игра за најважниот трофеј во САД на свој терен, пред околу 22.000 гледачи, колку што е дозволено на трибините (третина ќе бидат медицински работници како знак на благодарност за борба против коронавирусот).

>>> Сите квоти на финалето во Супербоул во MOZZART

Еден човек стои на патот на создавањето на моќна франшиза во НФЛ во новиот милениум. Во прашање е Том Брејди. Со Бил Белицки направи жестока империја на Петриотси, а потоа по две децении одлучи да го напушти Њу Ингланд и да тргне кон Флорида. Во првата сезона, со многу подеми и падови, кога беше најважно се издигна и преку Вашингтон, Њу Орлеанс и Грин Беј го одведе својот тим до 55. Супербоул.

Пред почетокот на шампионатот сите го гледаа Канзас во борбата за трофејот. Само два порази во лигашкиот дел од сезоната, победата на „Ероухед“ против Кливленд и Бафало го трасираа патот на четата на Енди Рид до мечот за одбрана на трофејот. Минатата година Махомс во финалето во Мајами ги доби учениците на Брејди – Џими Гаропола, квотербекот на Сан Франциско, а сега ќе игра против најдобриот на сите времиња. Сите знаат дека Брејди ја ужива оваа титула и сите го гледаат Махомс како негов наследник, како единствен кој во поблиска иднина може да стигне до неговата слава. Кога Том ја освои првата титула, Махомс имал само шест години. Досега четири пати ги одмерија силите, а резултатот е 2-2. Ветеранот победи во првите два меча, а најплатениот играч на лигата ги доби наредните два, од кои последниот оваа сезона, кога Канзас победи во Тампа со 27-24.

Многумина ќе зборуваат за одбраната на Баканирс која беше одлична во Грин Беј, за чудесниот Дејвин Вајт, но харизмата на Том Брејди ја водеше Тампа низ јануарскиот плеј-оф до Супербоул. Канзас е фаворит, нападот кој го предводи феноменалниот Махомс е експлозивен, дава повеќе поени, полесно го минува теренот, но како против Брејди? Доби шест мечеви за титулата, три пати е поразен.

Махомс има два аса во нападот, брзоногиот Тајрик Хил и Тревис Келси, најдобриот тајт-енд на лигата. Тие двајца се главни мети за асовите на Чифси, а од втор план се закануваат Семи Воткинс и Микол Хардман. Во плеј-офот стартен ранинг бек беше Дарел Вилијамс кој го менуваше повредениот Клајд Едвард Хилер и ветеранот Лејвион Бел. Од друга страна, Брејди има „дрим-тим“ фаќачи кои ги предводи Мајк Еванс и Крис Гадвин. Третиот суперстар Антонио Браун го пропушти мечот на „Лембо филд“ против Грин Беј поради повреда на коленото, но се очекува да се врати во тимот за Супербоул. Тука е и најдобриот пријател на Брејди, тајт ендот Роб Гронковски. Играта во трчање ја водат Леонард Форнет и нешто помладиот Роналд Џонс.

Проблем за Канзас би можело да биде неиграњето на двајцата стандарни чувари. Пред минатата недела тешко се повреди Ерик Фишер, а нешто претходно и Мичел Шварц. Махомс ќе мора бргу да се одлободува од топката бидејќи предната линија на одбданата на Баканирс е брутална. Ја предводат ѕвезди, од ветеранот Ндамуконг Су и Џејсон Пјер Пол и нешто помладиот Дејвин Вајт, Шек Берет и Лавонте Дејвид. Клучот на Тампа е дефанзивците да ја добијат „војната“ на линијата за скримиџ, да направат притисок над Махомс и да го исфрлат од ритам, што е многу тешко. Чудесниот квотербек на Канзас имаше повреда на палецот на левата нога во овој плеј-оф, но имаше цели две седмици да се опорави.

Неколку денови пред Супербоул двајца играчи на Чифси, рисиверот Маркус Робинсон и центарот Даниел Килгор заминаа на шишање, а бидејќи фризерот беше болен од коронавирус мораа да бидат во карантин пет дена. Не тренираа со соиграчите, но за среќа тестовите им се негативни и ќе бидат во конкуренција за тимот во Тампа. Одбраната на Канзас во текот на поголемиот дел од сезоната беше скромна, но кога дојде плеј-офот играше се подобро, а адути во дефанзивата се Крис Џонс, Френк Кларк и Тајрон Матје. Тампа чека на круна 18 години, кога Џон Груден, сегашниот тренер на Лас Вегас Рејдерс, донесе прв пехар во историјата.

Со очекува меч на многу поени, а предност му даваме на бранителот на титулата Канзас.