ВИДЕО: Стравична повреда во НФЛ која предизвика тишина на стадионот во Далас

НФ повреда

Вториот меч од овогодишниот плеј-оф од НФЛ лигата донесе минимална победа на Далас во дуелот со Сиетл (24-22).

Триумфот донесе радост кај домашниот тим, но истиот имаше црна дамка, а тоа е тешката повреда на Ален Хурнс. Немилиот настан се случи во првата четвртина, кога врз него стартуваше Бредли МекДогалд.

Целата тежина на противникот предизвика стравична скршеница на неговата лева нога, што наиде на неверица кај актерите на теренот и публиката на трибините.

Ве предупредуваме, видеото не е за оние со слабо срце: