Спортскиот великан кажа збогум: Том Бреди замина во пензија

Најдобриот играч во историјата на НФЛ-лигата, Том Бреди, соопшти дека заминува во пензија на 45-годишна возраст, во видео на социјалните мрежи во кое порача дека тоа го прави за „доброто на американскиот фудбал“.

Бреди и минатата сезона замина во пензија, но реши повторно да се реактивира. Квортербекот реши на истиот датум како и лани да каже збогум, овој пат според него конечно, и да замине меѓу легендите како најголемо име кое некогаш било дел од американскиот фудбал, со бројни рекорди.

Том Бреди зад своето име има седум шампионски прстени во НФЛ. Седмата титула на Бреди како поединец ги надмина Њу Инглант Пејтриотси кои сите шест ги освоија токму со него, како и Питсбург Стилерс како најуспешен тим со само два порази во финалињата. Овој факт, само дополнително зборува за величината на Бреди кој докажа дека знае и може да води и друг тим до Супербоул славје.

Зад него на вечната листа кај играчите се наоѓа тимскиот соиграч и добар пријател Роб Гронковски, кој има четири одличја заедно со Бреди, додека ист број „прстени“ имаат и Џој Монтана и Тери Бредшоу. Во Супербоул, Бреди беше прогласен за МВП вкупно пет пати.