Спортска трагедија во САД: Почина поранешна НФЛ ѕвезда на 33 години

Томас

Поранешниот член на Денвер Бронкос, Демариус Томас, е пронајден мртов во својот дом. Причината за смртта според американските медиуми е здравствен проблем.

33-годишникот се радуваше на големата победа на Супербоулот заедно со Денвер. Неговиот учинок во екипата му донесе второ место на листата на Бронкос на сите времиња во истрчани јарди и фатени тачдауни.

Томас, кој на Божиќ ќе наполнеше 34 години, го најави своето повлекување од НФЛ во јуни со кратко видео со знакот на мирот и неговата карактеристична насмевка.

Неговата НФЛ авантура започна во 2010 година, а покрај Денвер, ги бранеше боите уште и на Хјустон Тексанс, Њу Ингланд Петриотс и Њујорк Џетс.