• Горан Упале

Лос Анџелес Ремс го совлада Синсинати Бенгалс со 23-20 и така по вторпат стигна до најважниот трофеј во Соединетите Американски Држави, пехарот Винс Ломбарди.
И овој Супербоул спектакл им понуди многу возбудувања на фановите, а се разбира, незаборавен беше моментот меѓу двете полувремиња. Музичко шоу на полувреме го пополнија бројни ѕвезди, меѓу кои хип-хоп и АрЕнБи легендите Мери Џеј Блајџ, Доктор Дре, Снуп Дог, Еминем и Кендрик Ламар, а им се придружија и некои други уметници, меѓу кои и 50 Cent.
Музичкото шоу на полувремето од можете да го погледнете на ОВОЈ линк.
Лос Анџелес Ремс по вторпат слави во Супербоул мечот, а за најдобар играч беше избран Купер Кап.