ВИДЕО: Шкотска, која ѝ е најголем ривал на Англија ѝ ја донесе рагби титулата на шесте нации!

Англија е освојувач на рагби турнирот на шесте нации, кој секоја година се одржува по Куп-систем, а учествуваат најдобрите рагби репрезентации од стариот континент.

И не е толку чудно што Англичаните триумфираа, ако математичката потврда на трофејот не им ја донесе Шкотска со синоќешната победа над Франција со 28-19. Двете британски земји кои не се „мирисаат“ сега како да беа во заедничка коалција да ги измамат Французите. Веројатни ќе има многу шеги на оваа тема во деновите кои доаѓаат.

Англија со овој трофеј може да ги залечи раните по катастрофалниот Мундијал, во кој не успеа да ги мине групите. Ако идната сабота ја победи Франција во гости, Англија ќе биде шампион со грен-слем, што во рагби спортот значи дека ги победил сите противници на домашен и на гостински терен.