ВИДЕО: Шакира и Џенифер Лопез ја вжештија атмосферата на Супербоул! 

Како и секоја година, така и оваа – почетокот на февруари е резервиран за Супербоул финалето во САД.

Најдобрите НФЛ тимови во сезоната имаа уште еден натпревар да стигнат до посакуваниот трофеј, а овој пат истиот го грабна екипата на Канзас Сити Чифс, откако во финалниот дуел по епски пресврт славеше над тимот на Сан Франциско со 31-20.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Сан Франциско падна по епски пресврт, Канзас по 50 години пак е шампион на НФЛ

Супербоулот не е популарен само по одиграниот натпревар, туку по спектаклот на полувреме. Овој пат, во Мајами, атмосферата ја вжештија популарните Шакира и Џенифер Лопез, кои имаа незаборавен настап. 

  • Настапот на Шакири и Џенифер Лопез на полувреме: 

Патрик Махомс повеќе од заслужено го доби МВП признанието во ова финале, со што стана најмладиот играч кој успеал да ги обедини МВП признанијата (лани беше избран за најкорисен играч на сезоната).