Се откажа од богатство и ја врати топката со која Брејди испиша историја

Том Брејди наскоро ќе биде број еден во сите сегменти во НФЛ-лигата, а на последниот натпревар стана првиот квортербек кој фрлил над 600 паса за тачдаун.

Легендата имаше четири додавања на натпреварот против Чикаго во победата на неговиот Тампа Беј, а клучна на мечот беше втората, затоа што со неа Брејди влезе во историјата. По овие поени, топката од радост беше фрлена во публиката.

Топката заврши кај 29-годишниот лекар од Флорида, Бејрон Кенеди. Американецот се израдува на сувенирот, но за брзо време го врати по барање на тимот од Тампа Беј од каде побараа оној кој ја добил топката да ја врати за да се најде во музејот.

Во меѓувреме, Кенеди доби бројни финансиски понуди да ја продаде. Но, одби такво нешто. Топката е во музејот на Тампа Беј, а Американецот откако ја врати на шега кажа дека „кога Брејди ќе побара топка, едноставно, мора да му ја додадеш“.