Рекорден договор за Џастин Такер во Балтимор

Кикерот на Балтимор Равенс, Џастин Такер потпиша нов четиригодишен договор вреден 24 милиони долари, со загарантирани 17,5 милиони долари. Минатата сезона Такер го постави рекордот за најдолг поен од поле (66 јарди), а Балтимор смета на 32-годишниот кикер за продолжување на добрата соработка.

Ова го прави големиот ас од Тексас најплатен играч на својата позиција. Инаку, процентот на поени од поле на Такер е 91,1 отсто. Минатата сезона „гавраните“ не успеаја да се пласираат во плеј-офот, па Ламар Џексон и рагбистите се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри.

Такер веќе има титула со Балтимор во 2012 година кога овој тим го победи Сан Франциско во Супер Боул финалето. Такер седум пати беше именуван во Ол-стар тимот на лигата.