• Горан Упале

Женската рагби селекција на Белгија забележа значајна победа над Бразил, во натпревар кој беше одбележан по несекојдневната ситуација која што се случи во продолжението.
Откако немаше победник во регуларниот дел, мечот кој се игра во рамки од Рагби 7, влезе во продолжение, а таму Де Грав донесе голема победа за Белгијќите.
Таа ги издржа жестоките напади на противничките играчи, остана без шорцеви и постигна есеј за победа на својата селекција од 17-12.