• Зоран Мишевски

Попладнево со почеток во 15:00 часот, рагби клубот Вардар го организира својот прв официјален натпревар против српски Партизан. Настанот ќе се одржи на теренот „Млади Лавови” во Ѓорче Петров и е издвоен како значаен момент во историјата на клубот и рагби заедницата.
Воедно, овој натпревар е со хуманитарен карактер, каде што ќе се собираат донации за Сандра Дејановска од Радовиш, која е на лекување во Турција. На теренот ќе биде поставена кутија за донации, каде што играчите и посетителите ќе можат да донираат средства.
Натпреварот, не само што е почеток на спортските подвизи на Рагби Клуб Вардар, туку претставува и пример за солидарност и поддршка која е столб на рагби културата.