ВИДЕО: Рагбист со една рака руши рекорди и сонува за НФЛ лигата

Грифин

Шаким Грифин е млад рагбист кој уште од самото доаѓање на свет остана без рака поради состојбата на истата при раѓањето. Ампутацијата го остави хендикепиран, но не и без самодоверба дека не може да ги прави работите како секој нормален човек.

Моментално во САД се одржуваат тестовите на младите рагбисти пред очите на тренерите и скаутите преку кои би избориле потенцијално место на престојниот НФЛ драфт. 22-годишниот Грифин ја изненади цела јавност со своите достигнувања, а особено одушеви со спринтот на 40 метри, кој го истрча за 4,38 секунди.

Во саботата тој успеа да подигне 115кг. на „бенч“ дури двадесет пати со помош на простетичка рака.

Неговиот хендикеп сигурно нема да му донесе избор во првата рунда, но се предвидува дека некој тим ќе се одлучи за неговите услуги во втората рунда на овогодишниот драфт.