Познато колку заработија актерите на 60. „Супер Боул“

Сиетл Сихоукс се нови шампиони во НФЛ, откако во големото финале го совладаа тимот на Њу Ингланд Петриотс со 29-13. „Супер Боул“ како и секоја година привлекува огромно внимание, а исто така и финансискиот бенефит е огромен за сите. 

Финалето носи сериозни финансиски награди. Според колективниот договор, секој играч од шампионскиот состав ќе инкасира до 171.000 долари, односно околу 144.000 евра. Фудбалерите од поразениот тим ќе добијат до 103.000 долари или приближно 87.000 евра.

Станува збор за зголемување од 7.000 долари во однос на минатата година, а трендот на раст ќе продолжи и во следната сезона. Така, во 2027 година максималниот бонус за победниците ќе достигне 178.000 долари.

Овие исплати се независни од индивидуалните договори што играчите ги имаат со своите клубови.