Познато е кој ќе го отвори Суперболот во Калифорнија!

Големата поп звезда Лејди Гага ќе ја испее химната на САД пред почетокот на најголемиот и најгледан спортски настан во светот, НФЛ Суперболот на 7 февруари во Санта Клара во Калифорнија.
 
Минатата година Идина Мензел ја исполни химната пред почетокот на финалето. Во паузата меѓу двете полувремиња гледачите ќе ги забавуваат британската група „Колдплеј", Бијонсе и Бруно Марс. 

Витни Хјустон и Кристина Агилера до овој момент имаат највисоки критики за настапот на почетокот на легендарниот Супербол.