• Иван Димовски
Со комплетирањето на конференциските финалиња, закажан е и 57. Супербоул во американската НФЛ лига. За трофејот ќе се борат шампионот од пред три сезони Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс.
Ова финале на американскиот фудбал ќе биде уникатно по еден параметар. Имено, на спротивна страна од теренот, за првпат ќе заиграат двајца браќа. Се работи за Џејсон и Тревис Келси кои настапуваат во противнички тебори.
Супербоул спектаклот кој ќе се одржи во Глендејл, Аризона, е закажан за 12 февруари. Секоја година НФЛ организира огромен настан со вистинско шоу, во кое некогаш спортот паѓа во втор план.