• Иван Димовски

Најдобриот рагбист на сите времиња, Том Брејди реши дека сè уште не е време за да се оддалечи од спортот и најави прекин на пензијата. Иако ја најави пред неполни дека се повлекува, Брејди се предомисли и следната сезона пак ќе игра за Тампа Беј Баканирс.
44-годишникот последниот натпревар минатата сезона го одигра во плеј-офот против ЛА Ремс. Тампа загуби, а Брејди изведе одличен пас од 55 јарди кој го прими Еванс и дојде до тачдаун. Потоа неговиот соиграч ја фрли топката на трибините и израдува еден најсреќен фан.
Бидејќи се веруваше дека таа топка е онаа со која легендарниот Брејди го имаше последниот пас, истата беше продадена на аукција за вистинско богатство. Според американските медиуми, топката е продадена за половина милионска сума, поточно - 518,628 долари. Аукцијата е завршена во саботата, а за несреќа на купувачот Брејди најави кам-бек неполни 24 часа подоцна.