ФОТО: Поранешен рагби играч си ја запалил фамилијата, па се самоубил

Поранешниот рагби играч, Рован Бакстер изврши убиство на целото свое семејство и потоа самиот си го одзеде животот. 

Тој го полил со бензин и го запалил својот автомобил во кого се наоѓале неговата жена и трите деца кои биле од три до шест години. Сопругата Хана успеала да излезе од автомобилот, но подлегнала на повредите кога била пренесена во болница. 

Полицијата го пронашла Бакстер до автомобилот со убодна рана и нож во раката, по што било констатирано дека извршил самоубиство.