Поранешен НФЛ шампион пронајден мртов во својот стан

Поранешниот фаќач во НФЛ лигата, Џејкоби Џоунс е пронајден мртов во својот дом во Хјустон. 

40-годишникот почина од засега непозната причина, меѓутоа откриено е дека починал во сон. Полицијата го разгледа местото на случката и собра потребни докази доколку е потребна било каква истрага. 

Инаку, Џоунс во НФЛ играше од 2007 до 2015 година, а во 2013 со Балтимор Рејвенс го освои Супер Боул. Таа сезона тој постави рекорд кој тешко дека ќе се сруши, откако направи тачдаун со враќање од 106 јарди. 

Џејкоби Џоунс почна во Хјустон, потоа се пресели во Балтимот, а играше уште за Сан Диего Чарџерс и Питсбург Стилерс. По крајот на играчката кариера тој работеше како тренер во неколку колеџи во Соединетите Американски Држави.