Поранешен НФЛ играч пронајден мртов на 35-годишна возраст

Вонте Дејвис е пронајден мртов на својот имот на Флорида, во својата 35 година од животот. 

Поранешниот играч на американски фудбал, кој од 2009 до 2018 година настапуваше во најсилната НФЛ лига, веројатно починал од природни причини. Надлежните органи утврдија дека нема индиции дека не станува збор за природна смрт. 

Инаку, Дејвис беше 25-ти пик на НФЛ драфтот во 2009 година. Својата кариера во лигата ја започна во Мајами Долфинс, а во 2012 година се пресели во Индијанополис Колтс, каде што се задржа најдолго. На крајот на кариерата се пресели во Бафало Билс, за на полувреме од натпреварот против Лос Анџелес Чарџерс во септември 2018 да најави пензија. 

Причините за повлекувањето од спортот беа поради терапии на кои Дејвис присуствуваше.