• Иван Димовски
Легендарниот играч на Далас Каубојс кој е член на „НФЛ Куќата на славни“, Лери Ален, почина на 52-годишна возраст.
Поранешниот „линијаш“ е најголемо име кое играло за франшизата на Каубојси од Далас. Со овој тим Ален беше шампион на „Супербоул“ во својата втора професионална кариера. Одигра вкупно 211 натпревари во регуларниот дел и плеј-офот и стана голема клупска икона.
Освен за Далас за кој настапуваше од 1994 до 2005 година, Ален една сезона го носеше дресот на Сан Франциско пред да се пензионира.
Според информациите Лери Ален починал во Мексико каде што бил на одмор со своето семејство, а засега не се познати причините за смртта.