ВИДЕО: По „специјалната“ масажа, рагбист го одигра мечот на кариерата!

Доста интересна ситуација ни доаѓа од АФЛ терени на Австралија. Всушност, австралискиот рагбист, Брендон Метир доби „специјална“ масажа, а веднаш после неа го одигра можеби мечот на кариерата. 

Камерите го уловија моментот како физиотерапевката на клубот Голд Кост Санс го масира Метип на доста незгодно место, во пределот на препоните и во меѓуножјето, а тамошните медиуми откриваат дека откако се врати на терен, 25-годишниот рагбист го одигра својот најдобар меч во кариерата. 

На овој дуел Санси извојуваа убедлива победа од 108 – 82 против Чалтон Булс.