ОФИЦИЈАЛНО: Најдобриот на сите времиња, Том Брејди не мрда од Тампа!

Најдобриот квотербек на сите времиња, Том Брејди договори продолжување на договорот со Тампа Беј Баканиерси, откако оваа сезона ги изненадија сите и го освоија трофејот на Супербоул. 

Брејди кој оваа сезона ќе ја игра како 44-годишник, најави дека нема во план да се откаже од НФЛ и сè уште сака да игра на највисокото ниво во американскиот фудбал. Тој стави потпис на четиригодишен договор, но по наредната сезона ќе има опција за прекинување, доколку сака. 

За следната сезона, Брејди ќе инкасира 25 милиони долари, исто колку што доби и за претходната, а доколку реши да остане и по 2022 ќе следат нови преговори.