Од допинг суспензија и тешка повреда, до МВП на Супербоулот

Екипата на Њу Ингланд Патриотс со триумф во финалето над Лос Анџелес Рамс (13-3) го освои шестиот трофеј во историјата на Супербоулот, а за МВП во финалниот меч е прогласен играчот на домашните, Џулијан Едлман.

Едлман не успеа да изведе тачдаун, но беше клучна алка во нападот во текот на целата средба. Исто така, тој го пресече пасот на Рамс во финишот и не дозволи тачдаун, со што ја донесе победата за својот тим во финишот на мечот во кој доминираа одбраните.

Минатата сезона беше тешка за Американецот, затоа што ги пропушти сите мечеви поради тешка повреда на коленото, додека на стартот на актуелната сезона, доби четири натпревари суспензија поради користење на недозволени супстанци.