Новозеланѓанките го скратија сонот на Канада и очекувано освоија злато во рагби

Рагбистките на Нов Зеланд го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз и ја одбранија титулата од пред три години во Токио. Тогаш Новозеланѓанките беа подобри од Французинките во финалето, а овојпат ја победија Канада, најпријатното изненадување на турнирот, со 19-12.

Во финалниот меч Канаѓанките постојано се закануваа, но сепак не успеаја да направат ново изненадување. На последните Игри, Канаѓанките го зазедоа само деветтото место. Овие две селекции играа заедно во групата А на овој олимписки турнир и Нов Зеланд победи со убедливи 33-7.

Уште потензично беше во натпреварот за бронзениот медал, во кој Американците на крајот ја совладаа Австралија со 14-12.