Новиот дом на Тотенхем не е обичен стадион, ќе се игра и НФЛ-финале?

Екипата на Тотенхем се подготвува да заигра на новиот стадион „Вајт Харт Лејн“, а истовремено се отвора можноста Лондон да биде првиот домаќин на едно НФЛ-финале во историјата на американскиот фудбал.

Тотенхем доби нов дом вреден 850 милиони евра. Истиот има капацитет од 62.000 седишта, а надлежните сакаат на овој стадион да се игра првото НФЛ-финале во франшизата, надвор од границите на Соединетите Американски Држави.

Овој стадион може лесно да се трансформира и има три подлоги. Првата е тревата, за фудбалски натпревари, а истовремено постои и друга површина наменета за рагби-мечеви. Исто така, под тревникот има и тврда подлога, која доколку е потребно, може да биде поставена за нешто околу 35 минути, со притискање на едно копче.

Лондон досега бил домаќин на 24 НФЛ-меча од 2007 година и важи за градот во кој НФЛ-пазарот е најраширен во Европа.