Новата сезона во НФЛ лигата тргна со изненадувачки пораз на шампионот

Новата сезона во американскиот фудбал стартуваше со изненадување. НФЛ шампионот Канзас Сити Чифс беше поразен од Детроит Лајонс со 21-20 на премиерата на новата сезона. 

Крунисувањето на Чифси мина лошо, па Лајонси успеаја да се радуваат на „Ероухед“ во Канзас. Гостите успеаја да поведат со тач-даунот на Браун, а до полувремето првакот преку Рајс и Бел дојде до пресврт и водство од 14-7. 

Во вториот дел Чифс не успеа ниту еднаш да дојде до тач-даун, додека на гостите им појде од рака тоа двапати. Бренч и Монтгомери донесоа триумф на Детроит Лајонс и изненадување на стартот на сезоната.