Нов Зеланд во шок: Почина рагбистот Џон Лому

Еден од најдобрите светски рагбисти, и најомилениот спортист на Нов Зеланд Џон Лому, утрово почина  на 40-годишна возраст.

Лому за репрезентацијата на Нов Зеланд настапуваше осум години, а најголем успех со неа беше златниот медал на Игрите на Комонвелтот во 1998 година. Овој рагбист во 2007 година беше примен во куќата на славните, а пред две ноќи принудно се врати од одмор заради проблемите со бубрезите, за што веднаш отиде на дијализа.

Утрово, Нов Зеланд е во шок, Џон Лому го загуби животот, а почина од ретка болест на бубрезите, откако неговото тело не можеше да се справи со неа.