• Михајло Стојановски

Рагби репрезентацијата на Нов Зеланд е старо нов шампион на светот.
Популарните „Ол Блекс“, во финалето на Светското првенство во рагби, на стадионот „Твикенхајм“ во Лондон, ја совладаа Австралија со 34-17 и ја одбранија титулата светски првак.
Ова е трета титула за Нов Зеланд, со што станаа единствени во светот. Тие беа шампиони на првенството пред четири години, кога беа и домаќини, а првата светска титула ја освоија далечната 1987 година.
Најефикасен поединец, а воедно и најдобар играч на мечот во победничката екипа беше Дениел Картер со 19 поени, додека кај Австралија , Бернард Фоли постигна 7 поени.