Нов Зеланд ја предаде круната, Англија прв финалист на СП во рагби

Рагбистите на Нов Зеланд ја предадоа светската круна, откако денес изненадувачки загубија од Англија во полуфиналето на Светското првенство во рагби. Новозеланѓаните капитулираа пред избранииците на Еди Џонс, кои славеа со 19-7 и првпат по 2007 година ќе играа за светската титула.

Ману Туилаги, Овен Фарел и Џорџ Форд ги реализираа поените и донесоа историско финале за Англичаните. 

Вториот финалист ќе биде познат утре по дуелот меѓу Велс и Јужна Африка. Финалето ќе се игра наредната сабота на „Нисан Стадиум“ во Јокохама.