ВИДЕО: Нов Зеланд и Фиџи нови олимписки победници во рагби

Денес во Токио беа распределени комплетите медали во една од најатрактивните колективни игри ширум светот - рагбито. Женската репрезентација на Нов Зеланд во рагби во финалето ја победи Франција со 24-12 и го освои првиот златен медал за најуспешната рагби нација во историјата.

Тоа на нивните машки колеги не им успеа на олимпиското деби во Рио де Женеиро во 2016 година, ниту на тековните игри во Токио, на кои во финалето без поразени од бранителот на титулата Фиџи. Затоа пак репрезентативките на Нов Зеланд на убедлив начин и со максимален ефект стигнаа до најсјајниот медал.

По победите во групната фаза над Кенија (29-7), Велика Британија (26-21) и Русија (33-0), Нов Зеланд ја декласира Русија во четвртфиналето (36-0), а во полуфиналето го совладаа Фиџи со 22:17.

Фиџи со триумфот над Велика Британија од 21-12 го освои третото место.