Ник Фоулс влезе во историјата на НФЛ: „Уште од детството сите сонувавме за овој момент“

Екипата на Филаделфија Иглс синоќа направи големо изненадување и ја освои првата титула во НФЛ лигата во својата историја. Иглси во Супербоул мечот беа поуспешни од фаворизираниот Њу Ингланд (41-33), а еден од најзаслужните беше фантастичниот Ник Фоулс. 

Херојот на Иглси на вчерашниот меч влезе во историјата на НФЛ лигата, откако стана прв квотербек кој успеа да фрли и фати тачдаун. 

„Уште од детството сите сонувавме за овој момент. Среќен сум што овој успех го славам со мојата ќерка, семејство, соиграчи и целиот град. Горд сум. Ова е неверојатен тим, предводен од фантастичен стручен штаб. На терен излеговме со многу самодоверба и сакавме да се надигруваме со големиот фаворит“, вели Фоулс, кој ја освои МВП титулата.

Со оваа победа и титула, Ингси на еден начин му се реваншираа на Њу Ингланд за загубеното финале во 2005 година.