НФЛ шампион уапсен во САД поради марихуана и алкохол

Играчот на НФЛ екипата Канзас Сити Чифс, Башон Бриленд бил уапсен и минал ден во притвор. Корнербекот, кој во февруари го освои трофејот на Супербоул по неверојатен пресврт со Чифси, бил фатен како конзумира марихуана на јавно место, поточно на бензинска пума во Јужна Каролина. 

Бриленд бил веднаш уапсен, а се терети за неколку дела, меѓу кои поседување и конзумирање на забранети супстанци, обид за возење во алкохолизирана состојба, како и отпор при апсење. Тој бил во придружба на уште неколку лица и откако го забележале полицискиот службеник сакале да избегаат, но не успеале. 

Корнербекот на шампионот нема да биде казнет од клубот, но можна е санкција од НФЛ лигата во тежина од забрана за настап на четири натпревари.