НФЛ лигата доаѓа во Европа со натпревари во Лондон и Франкфурт

Професионалната лига во американски фудбал (НФЛ) се враќа во Европа со пет натпревари, од кои три ќе се играат во Велика Британија, а два во Германија.

Бордот на НФЛ лигата денес ја објави листата со меѓународни натпревари за претстојната сезона во која три дуели ќе се играат во Лондон, додека два во Франкфурт.

Европската серија ќе биде отворена на 1 октомври со дуелот меѓу Атланта и Џексонвил на „Вембли“, а ќе биде заокружена на 12 ноември со натпреварот меѓу Индијанаполис и Њу Ингланд на стадионот во Франкфурт.

Новата НФЛ сезона почнува на 7 септември.