НФЛ легендата Маршон Линч размислува за пензија

Еден од најдобрите НФЛ играчи Маршон Линч е на чекор до завршување на својата кариера поради лошите резултати на неговиот тим, Сиетл Сухокс. 

29- годишниот Линч кој во НФЛ пристигна во 2007 година, веќе две години размислува за пензионирање, а по минатонеделната елиминација на Сиетл во дивизиската рунда на плеј-офот, е чекор поблиску до донесување на одлука, која ќе значи крај на неговата кариера. 

„Тој е човек кој игра по свои правила и секогаш го прави она што го сака. Многу одлични НФЛ играчи едноставно си заминаа и навистина не знам што ќе се случи со него“, изјави генералниот менаџер на Сухокс. 

Линч во 2013 година со Сиетл има освоено Супербол, кој е финален натпревар каде се среќаваат победникот од националната фудбалска лига со победникот од американската фудбалска лига.