НФЛ играч уапсен поради посед на преку 70 килограми марихуана

НФЛ ѕвездата, Грег Робинсон се соочува со можност од затворска казна во должина од околу 20 години, бидејќи бил запрен со 70 килограми марихуана.

Играчот на Кливленд Браунс во автомобилот бил заедно со поранешниот НФЛ играч, Куан Брај. Според најавите, дрогата кај Робинсон била нелегално пренесена преку границата со Мексико. 

Двајцата моментално се наоѓаат во притвор, додека се врши истрагата, а големи се шансите да завршат во затвор на подолг период. 

Робинсон беше втор пик на НФЛ драфтот во 2014 година, а досега има заработено околу 30 милиони долари од американскиот фудбал. Тој од 2018 година го носи дресот на Браунси, а претходно настапуваше за Детроит Лајонс и Рамси од кого беше драфтнат.