ВИДЕО: НФЛ ѕвездите на Супербоул 54 емотивно се простија од Коби Брајант

Коби Брајант

Најгледаниот спортски настан во САД беше искористен за да се оддаде почит на сите загинати во хеликоптерската несреќа во Лос Анџелес пред една недела, во која животот го загубија и Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.

Играчите на Канзас Сити и Сан Франциско, кои беа финалисти во Супербоул 54, застанаа на линијата од 24 јарди и со едноминутно молчење се простија од кошаркарската легенда.

На големите екрани на стадионот „Хард Рок“ стоеше слика од Коби и Џиана заедно со имињата на седумте останати жртви од трагичниот настан.

На загревањето можеше да се забележи како многу од играчите имаа некаква посвета за поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс на својата опрема.